Почетна
 Законски акти
 Кориснички упатства
 Корисничка поддршка
 Логирање
Добредојдовте на страницата на Cube Waste Management (Cube WMe) системот наменет за електронско поднесување на барања за добивање на дозвола за управување со отпад до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во согласност со Законот за управување со отпадот („Сл.Весник на РМ“ бр. 09/11, 51/11 и 123/12) и како и Правилник за формата и содржината на барањето, формата и содржината на дозволата за собирање и транспортирање на комунален и другите видови на неопасен отпад, како и минималните технички услови за вршење на дејноста собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 8/06), Правилник за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 23/07), Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или за складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 76/07), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на барањето, формата и содржината на дозволата за собирање и за транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 133/07 ), Правилник за формата и содржината на барањето за добивање дозвола, како и формата и содржината на дозволата за оператор на депонија отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 140/07), Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање отпад отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 122/08), Правилник за формата и содржината на дозволата за собирање и за транспортирање на опасниот отпад („Сл. весник на РМ“ бр.118/10), Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозвола, односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за собирање и за транспортирање на комуналниот и на другите видови неопасен отпад („Сл. весник на РМ“ бр.146/11), Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или за складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 126/12) и Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или за складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 09/13), Министерството за животна средина и просторно планирање го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:
  • Барање за добивање на дозвола за собирање и за транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад
  • Барање за добивање на дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад
  • Барање за добивање на дозвола за оператор на депонија
  • Барање за добивање на дозвола за вршење на дејност оператор на инсталација за горење или согорување на отпад
од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Cube WMe системот овозможува електронско поднесување на барањата за овие дозволи од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Електронското поднесување на барањата за дозволи се врши преку Cube WMe системот со избор на следниот линк wme.moepp.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите, правилата и прирачник за користење на Cube WMe системот.
Системот е изработен од страна на Cube Systems, 2013 година (v1.2)