|
 |




 |
Добредојдовте на страницата на Cube Waste Management (Cube WMe) системот наменет за електронско поднесување на барања за добивање на дозвола за управување со
отпад до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во согласност со Законот за управување со отпадот („Сл.Весник на РМ“ бр. 09/11,
51/11 и 123/12) и како и Правилник за формата и содржината на барањето, формата и содржината на дозволата за собирање и транспортирање на комунален и другите видови на неопасен отпад,
како и минималните технички услови за вршење на дејноста собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 8/06),
Правилник за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или складирање на отпад, формата и содржината на
дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 23/07),
Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или за складирање
на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад отпад („Сл. весник на РМ“ бр.
76/07), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на барањето, формата и содржината на дозволата за
собирање и за транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 133/07 ), Правилник за формата и
содржината на барањето за добивање дозвола, како и формата и содржината на дозволата за оператор на депонија отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 140/07),
Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или
складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање отпад отпад („Сл. весник на
РМ“ бр. 122/08), Правилник за формата и содржината на дозволата за собирање и за транспортирање на опасниот отпад („Сл. весник на РМ“
бр.118/10), Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозвола, односно недонесување на решение за одбивање на
барањето за издавање на дозвола за собирање и за транспортирање на комуналниот и на другите видови неопасен отпад („Сл. весник на РМ“ бр.146/11),
Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или
за складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад („Сл. весник на
РМ“ бр. 126/12) и Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман
и/или за складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад
(„Сл. весник на РМ“ бр. 09/13), Министерството за животна средина и просторно планирање го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање на:
- Барање за добивање на дозвола за собирање и за транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад
- Барање за добивање на дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад
- Барање за добивање на дозвола за оператор на депонија
- Барање за добивање на дозвола за вршење на дејност оператор на инсталација за горење или согорување на отпад
од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Cube WMe системот овозможува електронско поднесување на барањата за овие дозволи од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од
страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Електронското поднесување на барањата за дозволи се врши преку Cube WMe системот со избор на следниот линк
wme.moepp.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите, правилата и прирачник за користење на
Cube WMe системот. |
|
|
| Системот е изработен од страна на Cube Systems, 2013 година (v1.2) |
| |